Секое отворање на Уставот мора да оди на задолжителен референдум, вели професорката и лидер на партијата „Глас“, Солза Грчева.



„Нека има избор од три предлога, од кој едниот би бил : ‘Дали сте воопшто за отворање на Уставот’?

Другите две прашања нека бидат двата концепта: на власта и на опозицијата.Уставот е за уредување на односите на народот, не на владата“ пишува Грчева на Фејсбук.

„Единствено народот, како суверен, има право да одлучува за вакви крупни прашања.И разни т.н.

Опозиционери да не го бојкотираат таквиот референдум, како што не уништија со повикување на бојкот на пописот.

Ако имаат мерак за бојкотирање, нека почнат со бојкот на нивните плати“! – препорачува поранешната пратеничка.