Грчева: Прават отстапница за неуспехот на преговорите за името!

„Мегафоните на власта почнаа да прават отстапница за неуспехот на преговорите за името“, реагира претседателката на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева на сменетиот „вординг“ на апологетите на тврдењето дека името на Македонија требало да се промени како оправдана отстапка кон членство во НАТО и ЕУ.



„До вчера се вознесуваа до небо, сите загрижени луѓе ги етикетираа како примитивни, кусогледи, …што не. Сега веќе, срамежливо почнаа Грција да ја нарекуваат уценувач (како да се сменило нешто во нејзината политика) и што било многу, многу било дури и за нивниот вкус. Паѓаа на ‘топлата’ атмосфера во стилот, сега или никогаш“ напиша Грчева на нејзиниот Фејсбук профил.
„Никогаш бре, никогаш!
Само некои тоа го видоа порано и се борат на правата страна, а некои чекаа да ги удри дијамантски метак во чело“.