Претседателката на партијата „Глас за Македонија“ и поранешна пратеничка, во објава на Фејсбук вели дека „лично „на своја кожа“ почуствувала каква личност бил Љупчо Палевски.
„Прво, ‘Глас за Македонија’ беше неговата прва политичка жртва. Се обиде да се инфилтрира во наши редови со Трета (како и други здруженија), со намера да ја преземе. Но, виде дека немаме пари и бргу изгуби интерес. Откога самиот се прогласи за Ген Сек (ниеден орган не го избра), набргу беше уапсен во Белград и приказната заврши, но не оштети токму пред изборите. Нашата партија преживеа, иако тој одвлече некои наши радикални членови кај себе (фала богу).
Второ, на Инфомакс сееше омраза и раздор во опозицијата, а само 10% против власта нешто ќе кажеше за да му верува сектата. На мета му беше пред се Христијан Мицкоски, но и сите ние кои не сме биле доволно “револуционерни“ за негов вкус. Затоа, се сомневавме, не тврдиме, дека по многу безуспешни обиди да регистрира партија, конечно власта му собра потписи за да отцепи гласови од опозицијата. Според тоа, радикалните ставови му личеа на нарачани.
Трето, на психопати не им пишува на чело што се. Затоа е крајно глупаво да се прашува “со кого се среќавал“.
Најбитна политичка средба во животот му била високата функција во СДС. Претседател на Градска организација на Скопје. Втор човек.
А власта преку своите мегафони, нека не злоупотребува убиени луѓе по кои сите жалиме, за да врши “лов на вештерки“ и да не сее страв. Слободата на говор ни е во Уставот!!! – објави Грчева.






