„Османи, како на училиште ќе ги цинкарел по име и презиме оние кои “ја загрозуваат” нашата европска иднина.
Небаре ја има.
Не се мачи Османи. Види си го само последниот извештај од ЕК и јасно ќе ти биде кој направи од државава мафијашко дувло.
Имињата и презимињата ќе си ги бараш во власта, не кај опозицијата“ му порачува претседателката на партијата „Глас за Македонија Солза Грчева на министерот за надворешни кој најави дека со име и презиме ќе ги објави тие кои се противат на уставните измени, а вчера порача и дека „Историјата ќе ги казни тие луѓе што ја пропуштаат и ја прокоцкуваат оваа историска шанса пред која се наоѓаме…“
Османи се спореди со Дон Кихот оти опозицијата не дава поддршка уставните измени






