„Од каде бре бугарско малцинство во Албанија? Мислат на 200 села од дебарско што влегоа во границите на Албанија? Македонски села како Ербеле од каде потекнува и семејството на Горан Стефановски? Тие се Бугари? Убава стратегија си трасирале.

Ако се Бугари тие во Албанија ( а и Албанија дрско ја уценуваат да го прифати тој “факт”), тогаш по нивната логика се што е помеѓу се Бугари.Ако ни се вакви “добрите соседи” не ни требаат душмани.Но, сепак сме самите на себе најголеми душмани. Што си мислеа кога потпишуваа пакт со земји кои не го признаваат македонскиот народ??? Изгубивме војна, па моравме да потпишеме капитулација?Сто пати предупредував јас лично дека не се преговара со уценувачи. Немаше кој да чуе. Трчаат да ги разделат европските пари за фризури, магариња и сирење на ајдуците. Само што овој пат Бугарија, имам интуиција, дека ќе налета на тежок ѓон во чело. А нашите будали, е нив треба сами да ги решиме.
Фејвук статус на Солза Грчева по денешната изјава на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева:




