Манифестот на СДС е фаќање за сламка на давеник пред избори. Оние кои го исфрлија од преамбулата на Уставот манифестот на АСНОМ, сега се вадат со трошка “патриотизам“ кој реално “не им личи“, објави на Фејсбук поранешната пратеничка и актуелна пшретседателка на партијата „Глас за Македонија“.
„Најмногу ми се бендисува во Манифестот формулацијата: ‘Најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија’.
Молам? Го послушаа ли иститиот тој народ кој најјасно си кажа “не“ на референдумот за името?
Е толку и сега ќе го послушаат.
Туку до каде сме со корупцијата и дали се проширува Идризово?- прашува Грчева.








