Професорката Слза Грчева, се чини, не им верува на меѓународните договори особнено на оние зад кои како гарант стои Запад…
„Изгледа само ние, па се трескаме околу преспанскиот и бугарскиот договор, и двата саботирани од другите страни. Секој на свој начин.
Повторно ќе го земам примерот со договорите од Минск. Самата Меркел учествувала во скицата на потоа потпишаниот договор од сите засегнати страни, плус Франција, Германија, OSCE…
РФ потоа во 2015 година поднела Резолуција со текстот од минскиот договор пред Советот за безбедност на ОН.
Пазете сега: истата е едногласно изгласана од сите постојани членки. Потоа е “влезена во меѓународниот правен поредок”. Каде е бре влезена?
И? Тие кои ја потпишаа, јасно признаа (се издадоа Меркел и Порошенко во две интервјуа деновиве) дека никогаш немале намера да ја имплементираат.
Толку од тие договори заедно, топтан со гаранторите.
А ние ашлаци, до збор како ни пишале. Како кецароши без ум.
Затоа, take it easy and very slowly, што би рекле ЗАКОЧЕТЕ, полека, никаде не не чекаат! – пишува Грчева во објавата на Фејсбук







