Грчева: Ќе ги плашиме ли децата со „пазете, доаѓа поголема демократија“

Претседателка на партијата „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка, Солза Грчева на Фејсбук набројува некои од „придобивките од демократијата“ во земјава и вели дека „наскоро ќе почнеме да ги плашиме децата со: “Пазете доаѓа демократијата”!



„Во име на “демократија” ни е натурена влада со “шарена револуција” од импорт;

Во име на “демократија” ни е сменето името;

Во име на “демократија” се краде наголемо, меѓу другото и изборите;

Во име на “демократија” се цензурираат и прогонуваат новинари, но и политичари со поинакви ставови;

Во име на “демократија” власта без никаква поддршка, како стара закрпа, се држи на сила;

Во име на “демократија” станавме страна во војна;

Во име на “демократија” цените отидоа до небо, а е само почеток;

Во име на “демократија” не се слуша гласот на мнозинството од народот;

Деца, пазете се. Доаѓа уште поголема “демократија”!-пишува Грчева на Фејсбук.