Грчева: Какви бре, гаранции – научете прво германски

Лидерката на партијата „Глас за Македонија“ и некогашна пратеничка од редовите на СДСМ, Солза Грчева, реагира на изјавата на Ковачевски дека германскиот канцелар Шолц „гарантирал“ дека нема да има дополнителни услови од Бугарија, затоа што преговарчката рамка била – јасна.



Каква бре гаранција од Германија и од Шолц?

Прво, такви “ гаранции“ добивавме и од Меркел.

Второ, во ЕУ се одлучува со консензус на сите членки.

Трето, нека научат германски за да видат дека токму спротивно, велат дека не гарантираат ништо.
Четврто, партијата на Шолц е во пад, расте АФД.

Кого лажат??? – пишува Грчева во објава на Фејсбук.