Солза Грчева, лидер на партијата Глас за Македонија и поранешна пратеничка во македонското Собрание, без пардон по најавите дека утре би можел да падне конечен договор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за името на државата Македонија и за целиот пакет поврзан со него.
„Дури ни Претседателот нема право да потпише ваков меѓународен договор. А за влада, ич муабет да не правиме. Нема основа во Уставот. Во ниту еден устав на светот не е предвидено промена на име, јазик и идентитет на еден народ! Тоа само ако сме изгубиле војна, па се потпишува мировен договор. Добро е што се ветрушки!“, напиша Грчева на својот профил на „Фејсбук“.
„Бил надминат и проблемот со Уставот, открива шефот на грчката дипломатија, кој ѝ оддава признание на соседната земја за „храброста“ да си го смени уставното име.”
Храброст да ја закопаш нацијата, нема што. И дрско да лажеш дека тоа било само за некој пакет, па немало да има менување на Устав…колку да знаат и тие кои не веруваа со кого си имаат работа“, ќе додаде таа.





