Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева го прозва министерот за надворешни работи Бујар Османи да ги каже со име „центрите“ кои ширеле лажни вести, по неговото рврдење дека за преговорите со Бугарија се ширеле многу “лажни вести” диригирани од некои странски центри на моќ.



„Прво, кажи ги како маж тие “центри” со име, бидејќи твојот центар на моќ сите го знаеме.

Второ, ако некој лаже во целиов процес, тоа е Владата и ти лично. До последна секунда криевте документи, лажете дека не преговарате за идентитет, историја и јазик. А за нив единствено преговарате, поточно раздавате тоа што не е ваше. Сигурно не преговарате за цената на пиперките.

Трето, кој воопшто ви верува после играта со Преспа каде лажевте дека нема ерга омнес, па нема уставни промени, па идентитетот бетон…

Не, Бујар. Македонскиот народ е писмен и знае да чита што сте му спакувале. Нему не му требаат “центри” како што ти треба тебе. Без твојот “центар” ќе бидеш обична нула. Ти и твоето криминогено преговарачко-продавачко трговско друштво“, реагира Грчева на ФБ.