ЕК вчера препорача почеток на пристапни преговори за Украина и Молдавија. Урсула од сред Киев кажа дека Украина веќе исполнила над 90% од условите и се борела за европските вредности. Да видиме:
Корупција, до небо;
Судство, не постои;
Опозициски партии, забранети;
Политички убиства секоја недела;
Слобода на говор, директно во апс;
Избори, нема да има (рејтингот на шефот падна од јуни до сега од 73% на 39%);
Малцински права за сите освен за Русите, бидејќи немало Руси таму;Задолжени до гуша, итн., итн.
Сега навистина сум збунета со ова вредностиве. Според ова, какви извештаи, какви бакрачи. Само геополитички интереси. Како влегора Кипар, Грција, Бугарија, Романија…
А за нас таков интерес нема и да престанеме да се лажеме.
П. С. Не оти мислам дека навистина ќе ја примат. Ова е плакнење уста откако и ги прекинаа мировните преговори и ја вовлекоа во братоубиствена војна (Меркел и Оланд ни кажаа отворено дека ги саботирале договорите, потпишани и запишани во ОН).
Објава на Фејсбук на претседателката на Глас за Македонија






