Грчева: Белки сега на сите им е јасно по средбата во Тирана дека нема ЕУ за Западен Балкан

Претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, не гледа ништо позитивно од самитот на т.н. Берлински процес за Западен Балкан во Тирана.



„Белки сега на сите им е јасно по средбата во Тирана дека нема ЕУ за Западен Балкан.

И нека не нè заплашува Османи дека поради опозицијата ќе ни се раздвоеле патиштата со Албанија. Каква Албанија, каква Македонија.

А патиштата, како тргнало, ќе ни се состават некаде на патот кон небиднината. Без гајле!“, заклучува на Фејсбук некогашната пратеничка на СДСМ за настанот што за министерот за надворешни работи имал историско значење за евроинтеграцијата на шесет земји од југоисточниот дел на Европа што чукаат на вратата на Европската унија, некои од нив со децении, како Македонија.