„Албанските партии сакаат отворањето на Уставот да го искористат за тргање на тие 20% (според Рамковниот) и за изедначување на македонскиот и албанскиот јазик. За да ја федерализираат државата.“ – реагира на фејсбук Солза Грчева, претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“.
Во објавата натаму таа истакнува: Аргумент како и секогаш: „Со тоа ќе сме ја осигурале европската иднина“. Како што ја осигуравме со откажувањето од нашето малцинство.
Ова е веќе бинационална држава и никако мултиетничко општество. Не осигуруваат никаква “европска иднина”, туку федерализација на државата!
Ако уште еднаш чујам дека некој ќе ми осигурал “европска иднина”, ќе земам кофа да исповратам!
Home Македонија Грчева: Албанските партии ќе ја осигураат федерализацијата на државата со тргањето 20...





