Координаторот на работната група при Министерството за култура, професорот Мирослав Грчев е зачуден од одлуката да се распише оглас да не се урива туку да се пренамени споменикот на Мајка Тереза.



Грчев, во гостувае во „Утрински брифинг“ вели дека Комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014 уште во 2018 година предложи рушење на три споменици, Ќосето, Воин на коњ и Мајка Тереза.

Споменикот на Ќосето беше отстранет пред точно две години, од пред Судот и однесен беше во кругот на „Металски Завод Тито“.

Две години подоцна, Владата одлучи споменикот на Мајка Тереза да не се урива, туку да се пренамени затоа што тоа ќе било поскапо од пренамена…

„ Мене информацијата дека ќе се пренаменува споменикот ме затекна. Нема никаква смисла една дивоградба која е симбол на владеење на неправо, еден фашистички споменик да не биде срушен. Толерирањето на постоењето на овие споменици е толерирање на Скопје 2014, кој претставува историски дебакл на една цивилизација.

Не може да израсне тумор на сред улица, на јавен простор во центарот на метрополота. Овој споменик не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиниенција и споменик на нашето подаништво и ропска свест, затоа што не знаевме ни тогаш ни сега да застанеме против тоа“, вели Грчев во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободен печат.