Архитетот Мирослав Грчев кој ја предводи Работната група за „справување“ со проекто Скопје 2014 инсистира дека е потребно рушење на Порта Македонија и Мајка Тереза, а другите споменици да се дислоцираат.
„Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени. Уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење.
Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра. Мајка Тереза два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета.
Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат“, рече Грчев во „Само интервју’ на Канал 5 телевизија.





