Синот на архитектот и претседател на комисијата за уривање на спомениците од Скопје 2014 година лани на 16 декември го почестил македонскиот народ со низа негативни епитети.
Димитар Грчев кој е син на Мирослав Грчев кој пак тврдеше дека македонската нација е измислена, стана познат откако се откри дека е вработен во државната компанија ЕЛЕМ заедно со ќерката на спикерот на парламентот Талат Џафери, Бесија.
Откако тој самиот потврди дека е вработен во ЕЛЕМ а предходно работел во штипска фабрика каде работното место не му одговарало на социјалните мрежи се појави негов статус во тој упатува грди навреди за својот народ.
Димитар Џо Грчев Брадестиот како што се претставува во Фејсбук статусот кој го пренесува професорката Ванковска меѓу другото вели дека македонскиот народ е глуп, дека треба да умре и дека ќе се угуши во сопствениот измет.
Врз основа на што ги дава овие квалификации синот на високиот функционер на СДСМ не кажува.





