Сите кои денеска се обидоа да влезат во Грција преку Граничниот премин Богородица- Евзони биле вратени бидејќи границата од грчка страна била затворена.
Грција од денеска на пладне најави дека ги отвора границите, не и за македонски граѓани.
Според информации што ги доби Сител од страна српските државјани на Граничниот премин Евзони им рекле дека границата ќе биде затворена до 1 јули и дека немаат уште информација за нејзино отварање.
Некои од вратените велат дека ќе мора да се вратат и да влезат во Грција преку Бугарија.
https://www.expres.mk/bugarite-trgnaa-na-odmor-vo-grcija-5-kilometarska-kolona-na-granichniot-premin-kulata/





