Границата кон Грција останува затворена

 

Грција донесе одлука границите да останат затворени за граѓани oд трети земји и по 1 октомври, пишува „Новости“.



Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на почетокот на јули, а таа одлука е продолжувана во неколку наврати.