Коментирајќи ги бурните реакции за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, претседателката на Косово, Вјоса Османи, рече дека таа била погрешно разбрана. Според неа, истакнувањето на знамето на „Етничка Албанија“ меѓу приврзаниците на Курти во Тетово било, едноставно, граѓанско движење, а не нешто организирано. На прес-конференцијата при нејзината посета на косовската општина Драгаш, Османи нагласи дека Македонија е еден од најскапоцените соседи на Косово.
движење.
„Граѓанско движење а не нешто организирано… На собири никој од организаторите не го проверува секој граѓанин што има во рака, но тоа е како принцип. Се разбира, доколку институциите на Северна Македонија имаат некаква загриженост, нашето единствено барање како институции на Република Косово е да се направи сè во согласност со највисоките меѓународни стандарди за заштита на човековите права, највисоките меѓународни стандарди за заштита на немнозинските заедници и секогаш почитувајќи ја државотворната улога што ја имаше албанската заедница во градењето на државата Северна Македонија и продолжува да ја игра оваа извонредна улога и денес, а институциите на Северна Македонија го знаат тоа… Верувам дека ова е мало недоразбирање, дека кога ја имаме волјата на двете страни, како што секогаш сме докажале, тоа е надминато, знаејќи дека сите институции на Косово се заинтересирани само за постојано растечки позитивни односи со Северна Македонија“, изјави Османи.






