„Само Тетово (со околината) и Скопје (со околината) без дијаспората (печалбарите) имаат повеќе од 400 илјади Албанци.’ – тврди Кренар Османи, граѓанскиот активист од Тетово, во објавата на својот-фејсбук-профил, која ја пренесува информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ под наслов „Ова е предавство – во Илирида нас не има повеќе од 850 илјади Албанци.“
На својот фејсбук-профил, кој содржи профилна фотографија со голема толпа Албанци и на неа текст „Да живее Велика Албанија“, Османи дополнува во објавата: „Со целата дијаспора, Куманово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Битола, Преспа, Прилеп и Велес, нас не има повеќе од 850 илјади Албанци во Илирида.“
„Овој диригиран резултат од пописот е еден од најголемите срамови и предавства.“





