Пример за тоа како фунционира граѓански притисок јавните функционери да ги изполнат ветувањата се случи во населбата Лисиче во општина Аеродром каде родителски притисок и еден пост на Фејсбук го натера градоначалникот Златко Марин да одговори.
Марин повторно повторно го запрел спроведувањето на ветениот проект отворање на училиште на први септембри но сега на сите им е јасно дека граѓаните нема да простат за ветени а неисполнети ветувања.
Притисокот врз Марин го извршиле родителите на учениците а пост на еден од кандидатите на опозицијата за градоначалник на Аеродром Јован Карчовски дополнително го става Марин во нечагодна ситуација.
“Лисичани и Јован Карчовски оп, Златко Марин скок!
Многу ми е драго што некои од моите постови со кои ја критикувам неработата и јавашлукот на градоначаникот Златко Марин наидоа на “разбирање” од страна на градоначалникот и некои проблеми дури и се решија.
Да, знам дека сето ова е под пристисок на предизборната кампања, знам дека Марин ја пее својата лебедова песна, но сепак ова покажува дека граѓанскиот притисок може да донесе успех, дури и кај најмрзливите градоначаници.
Ова е училиштето Димитар Македонски во Лисиче. Под силен притисок на родителите, ветено им е дека ќе биде пуштено на 1-ви септември. Но даските на кровот стојат така веќе три недели и ништо не се работи. Ајде Марине, стегни заби и доврши им го училиштето за децата од 1-ви септември да можат да тргнат на училиште. Ајде Марине, обели малку образ на крајот. А од октомври ќе има и нови училишта, и нови градинки, и нема да има кафеани во училишните дворови. Ќе има поубав Аеродром и Лисиче“, пишува Карчовски.
Линк до ФБ постот на Карчовски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=215057763967592&id=100063901097476





