Од вечерва па во наредните две недели полицискиот час ќе почнува во 20 часот и ќе трае до 05 часот наутро.



Од денеска се затвораат сите вежбалници, фитнес-клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, а се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.

Мерките ќе бидат во сила до 20 април.

Граѓаните што имаат домашни миленичиња ќе може да ги изнесат надвор од 22:00 до 23:00 часот.

Сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат, информира МВР.