Државните електрани се уште прибираат и разгледува понуди за набавка на природен гас за радијаторите да не останат студени среде зима. Парно сигурно ќе има за уште една недела, а што ќе се случува веќе од следниот месец – компанијата ќе соопшти во текот на следната недела. Граѓаните се во прашалници што ако државата не ги обезбеди потребните количини. Стравуваат дека ќе мора да се догреваат на друг начин што дополнително ќе им го оптовари буџетот.
Кризата во меѓувреме удира сериозно. Надлежните признаваат дека е тешко, но уверуваат дека правеле се за да се обезбедат доволни количества на енергенси. Барем за струјата, граѓаните можат да бидат мирни оти домашното производство ќе ги обезбедело потребните количини.
Уверувањата на власта сепак отвораат и дилеми, посебно ако се знае какви е генерално состојбата. Експертите, а и опозицијата уште одамна критикуваа дека надлежните ја дочекаа кризата неподготвени и дека се изгуби драгоцено време за да се произведе, односно да се обебзеди доволно количини на струја од домашно производсто и поевтин гас од увоз. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски постојано апелираше да се интервенира на време. Тој и директно се вклучи да помогне преку посредство за набавка на поевтин гас и мазут што ќе донесе сериозни заштеди.
Во неизвесноста околу текот на грејната сезона, дополнителен проблем е и промената на операторот, односно новата компанија снабдувач. Октомври речиси помина, а досега само 3800 или околу 7% од корисниците на парно услугите потпишале нови договори. За да се олесни постапката, договорите од сега ќе може и online да се симнат од веб страната на ЕСМ, да се потпишат, па да се вратат назад. Инаку, над 60.000 домаќинства во главниот град се греат на парно.






