Граѓаните со душа чекаат да купат поевтино, ама дали реално ќе можат?!

Граѓаните очекуваат намалени цени и на месото, зеленчукот и овошјето во пресрет на Велигденските и Бајрамските празници. Велат дека велат живеачката е изгор скапа, а цените на пазарите сѐ превисоки за македонскиот стандард, особено што по традиција за празниците кога сакаат да си допуштат побогата трпеза, а досегашната пракса е цените дополнително се корегираат нагоре.



Економиситите коментираат дека замрзнувањето може да помогне глобалните цени кои што во моментот се во пад истите побрзо да се пренесат и во нашата еконимија. Но, велат мерките треба внимателно да се применуваат, во краток период и од краток рок, со цел да имаат корективен карактер.

  • Многу е значајно во оваа фаза да ги согледаме ефектите од неколкуте замрзаните цени на производите. Од друга страна ризикуваме да се доведеме во ситуација по прекинот на мерките да има нагол скок на цените. Потребно е да се направи анализа во овој момент каде доколку постојат такви картелски здружувања каде се тие, кои се тие производи каде што постои картелско здружување и врз основа на тие анализи потребно е да се делува со внимателни мерки кои што ќе оневозможат такви дејствија исто така краткорочните мерки на замрзнување на цени може да дадат свој резултат и во таа трансмисија на глобалните цени кои што се во пад, изјави за Канал 5 Благица Петрески, од Финанс Тинк.

На околу еден месец пред Велигден и Бајрам, Владата одлучи да ги замрзне цените на јајцата од кокошка и оризот и да го ограничи извозот на јајцата. Претходно замрзнаа цените на белиот и полубел леб, а низата замрзнувања ги опфатија и млечните производи.