Двесте евра сметка за декември ниедна зима не сум платил. Во зимските месеци секогаш сметката доаѓала до 100 евра, но сега е двојна. Инаку веќе неколку години се топлиме на инвертер и сметките се многу пониски од порано, но годинава не е така. Нешто се случило, дали не е прочитано броилото или има друга причина, но немаме некои дополнителни трошоци на струја. Не реагирав, но мислам дека треба бидејќи не е мала разликата, вели жител на Ѓорче Петров за Плусинфо каде е објавен текст за превисоките сметки за струја што голоем број граѓани ги добија за месец Декември.
,,Друг скопјанец, пак, се сомнева дека задолжените да ги читаат сметките не доаѓаат навреме да ги прочитаат или пишуваат паушални износи.
Како поинаку да ја прокоментирам новата сметка за струја. При релативно топол декември јас треба да платам двојно повеќе од минатиот декември. Ова е или јануарска шега или потсетување дека ќе има нова цена на струјата. Но очекував повисока сметка во февруари со покачувањето на цената од јануари. Но, мислам дека најверојатно човекот кој треба да го отчита струјомерот или фатил корона или добил мрза па не дошол да ја заврши работата”, вели тој за плусинфо.
Од ЕВН велат дека декемвриските сметки се повисоки поради ниските теператури и користењето на струјата за затоплување.
,,Поради ниските температури потрошувачката на електрична енергија е многу поголема и корисниците автоматски добиваат повисоки фактури”, велат од компанијата.
Од ЕВН тврдат дека секој месец ги отчитуваат броилата иако Законот за енергетика, „Мрежни правила и Правила за снабдување“ е пропишано отчитувањето на броилата да се извршува еднаш годишно.
,,Броилото се случува да не се отчитува поради различни причини: корисникот е отсутен (не е дома или во објектот), спречување на екипите за отчитување од страна на корисникот, непристапност до мерното место поради тешките временски услови, боледувања, годишни одмори итн. Отчитувачите на ЕВН се категорија вработени кои најчесто имаат контакт со корисниците и со тоа се најизложени на опасност од зараза со корона вирусот, велат од ЕВН.
Оттаму им препорачуваат на граѓаните редовно сами да ги читаат броилата и да ја информираат компанијата по електронски пат.
,,Корисниците кои при самостојно отчитување на броилото ќе утврдат дека имаат помала или поголема потрошувачка на електрична енергија во споредба со вредностите на фактурата, како и секогаш може да се обратат за корекција преку е-пошта на info@evn.mk, телефонски на 089 089 089 и во приемните канцеларии на корисничките енерго центри на електродистрибуција. Потрошувачката што ќе ја пријават треба да биде во висока и ниска тарифа”, објаснуваат од Компанијата.
Повеќе детали на плусинфо.мк
Покрај во ЕВН, повисоките сметки или неточно отчитаните броила граѓаните можат да ги пријават и во Регулаторната комисија за енергетика.
Предходно на истата тема реагираше и професорката Најчевска која тврди дека од ЕВН редовно и го читаат струјомерот.
Има ли гремлини во празната куќа: Најчевска се пожали на висока сметка од ЕВН






