Во Македонија нема ни „Д“ од демократија и земјава оди во тотално погрешен правец оти нема професионалци луѓе на челните државни функции, реагираат граѓаните кои ги сними Алфа, кои како што велат, крајно се разочарани од нефункционалниот систем. Велат дека мора да има политичари кои ќе се грижат за народот, а не само да го доограбуваат и онака осиромашениот граѓанин.

Покрај што Македонија е недемокрастска земја, проблем е и нормалното живеење, оти скапотијата, високите цени на се, ги прават уште понесреќни граѓаните кои како што велат, едвај крпат крај со крај. Се жалат наместо власитете да направат напор да им ги покачат примањата, тие само создаваат вештачки раст на цените и енергенсите.
Дека во земјава нема никаква демократија и дека лошо се живее отсликуваат последните две анкети и на „Евротинк“ и на „Центарот за политички истражувања и комуникации“. Во онаа на „Евротинк“, посебно загрижува е евроскептицизмот кај граѓаните во последните девет години. Ако во 2014-та вкупно 36,1% верувале дека сме на правиот пат, таа бројка повеќе ја нема. Лани била на катастрофални 9%, а годинава е нешто подобро, но далеку од оптимистички 15,6%.

Анкетата на „Центарот за политички истражувања“ покажа дека речиси 50% од испитаниците немаат доверба во државните институции, а само 9% веруваат во работата на буџетарите. Ако утре се одржат избори, мнозинството од граѓаните би гласале за ВМРО-ДМНЕ, а најголем дел му веруваат на претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски. Последнито истражување на „Евротинк“, пак, бележи драстичен пад и во однос на 2015-та, сега 56% сметаат дека не сме демократска држава, тогаш бројката била 45,8. Ако во 2015-та 57,7 сметале дека членството во ЕУ би било добра работа, сега бројката е падната на 52,6%. Дури 75,4% од Македонците сметаат





