На прашањето „кое е вашето мислење во однос на давање концесија за хидроцентралата Чебрен на грчка компанија?“, дури 65,7 отсто од испитаниците дадоа негативен одговор, а само 8,55 отсто позитивен.
Ова го покажува последното истражување на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн од 8 до 15 декември на 1.067 испитаници.
Повеќе од половина од испитаниците (55,8%) сметаат дека ЕСМ не работи одговорно, покажува анкетата.






