Истражувањето кое за „Детектор“ на Сител го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува една третина, односно 33,5 отсто од анкетираните најмногу се загрижени економската криза.
11,8 од граѓанитес травуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1 недостаток на храна, лекови и други стоки, 8,5 рестрикции на социјалниот живот и 7,6 проценти губење на работното место.

Најголемиот дел граѓани се оптимисти и 36,6 отсто од нив сметаат дека животот ќе се врати во нормала до крајот на мај, 18,3 проценти сметаат дека тоа ќе се случи до крајот на јуни, 7,2 до септември, 5,1 до крајот на годината и 1,3 проценти следната година.
Дури 12,1 сметаат дека животот требаше да се врати во нормала до крајот на април, покажува истражувањето на „Детектор“.





