Од Нова година, нова цена на струјата. Од први јануари граѓаните ќе плаќаат поскапа струја, иако не во сите блокови, но сепак сметките ќе чинат повеќе. Граѓаните не заслужуваат да плаќаат поскапа струја, посебно не во ек на криза кога цените на енергенсите се заминати до плафон. Ова е ставот на дел од економистите, објави Алфа, откако Регулаторот ја објави новата цена на струјата. Трошоците ќе растат и во иднина, вели Абил Бауш, и затоа секое поскапување е очекувано, но тоа не смее да падне врз грбот на и оната осиромашениот граѓанин. Според него, иако струјата поевтинува, сепак таа ќе биде поскапа, оти на цената се додава плус мрежарината.

Дека и во иднина ќе плаќаме повисоки сметки за струја, алармира и енергетскиот експерт Константин Димитров. Тој за Алфа рече дека тоа е поради што државата го преспала периодов, наместо сериозно да вложи во енергетски капацитети. Регулаторот објави дека новиот надоместок за пренос и дистрибуција ќе чини 200 денари. Оваа ставка ќе важи за сите и ќе ја плаќаат и оние кои имаат празни станови, куќи и викендици.

Според наши пресметки, оние најштедливите кои влегуваат во втор блок ќе добијат сметка за струја 100-тина денари повисока. Владата ова го оправда со игра на зборови, се намали мрежарината за 23%, но со останатите додатоци излегува дека сметките за струја на оние кои штедат по Новата година ќе бидат или исти, или минимално зголемени. Според „ЕВН“, дури 10.000 домаќинства преминале од втор во трет блок од октомври во ноември, што значи дека зимата ќе биде поскапа за нив.





