По постигнатиот договор меѓу шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и белорускиот претседател Александар Лукашенко, „Вагнерците“ почнаа брзо да се пакуваат и тргнаа кон своите бази.
Наскоро на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Пригожин го напушта рускиот воен штаб во Ростов на Дон.
На бројни снимки се гледа како цивилите во Ростов ги слават силите на Вагнер додека тие се повлекуваат.

Тоа не е нужно знак дека тие не го поддржуваат претседателот Владимир Путин, но сепак не е охрабрувачки за него.
На една од снимките се слуша како еден од Вагнерците пука во воздух.
Државната новинска агенција РИА објави дека утрово ситуацијата околу седиштето на рускиот јужен воен округ во Ростов на Дон е мирна, а сообраќајот вообичаено се одвива по градските улици.
Улиците на Ростов на Дон вчера беа исполнети со тенкови, ситуацијата беше тензична во текот на целиот ден откако Пригожин објави дека го зазел градот…
Вечерта ситуацијата комплетно се смени откако шефот на Вагнер се согласи да ја напушти Русија и да замине за Белорусија.







