Граѓаните на Македонија очекуваат „супермен“ за претседател

Додека анкетите и анализите покажуваат дека македонските граѓани сметаат дека сите политичари се нечесни, кукавици, самобендисани, неодговорни и нерешителни, најновата анкета на МЦМС за Топ Тема на Ваша страна на Телма покажува дека тие сакаат идниот шеф на државата да ги има сротивните карактеристики.



Македонците сакаат чесен, одговорен, толерантен, храбар и решителен човек кој ќе ги води кон НАТО, ЕУ и подобар живот.

За гласачите најзначајни вредности што треба да ги има идниот претседател на државата на прво место со 25% е чесноста, втора најпосакувана особина е чувството за одговорност – 17,3%.

Следуваат толеранцијата, решителноста, храброста, подготвеноста за политички дијалог, патриотизам, свесност за еколоките проблеми.

Чесноста и чувството за одговорност доминираат како главни две вредности и во случај на споредба според етничката и партиска припадност на испитаниците, со мали процентни поени разлики, открива анкетата на МЦМС за Топ тема На ваша страна на телевизија Телма.