Резултатите од антикризните мерки вредни 400 милиони евра се видливи и реални, Владата и институциите предводени од СДСМ успешно се справуваат со последиците од светската економска криза, велат од партијата..
„Само преку мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија сметките за струја на едно семејство денес се пониски за 2.150 денари.
Тоа е сериозна заштеда на средства на месечно ниво.
Покрај намалување на трошоците, во време на криза растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари е 29.980 денари.
330.000 пензионери овие три месеци добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска помош, а обезбедивме и рекордно зголемување на пензиите.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани, велат од СДСМ.







