Граѓаните имаат клучна одлука за иднината на ДУИ и инсталациите на СДСМ во опозицијата, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за вели дека граѓаните на следните изборие имаат клучна одлука за можноста ДУИ да биде и во идната влада но и за инсталациите на СДСМ во опозицијата.



Од интервјуто дадено за туризам и менаџмент може да се види дека иако директно не ја споменува Мицкоски ја смета Левица за инсталација на власта која може да направи компликации за формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Клучна улога ќе имаат граѓаните, секој поединец што ќе мора да сфати дека од него зависи. Но, секој ќе треба и добро да ги препознае сите оние кои ја бараат неговата доверба за да ја злоупотребат повторно, оние добро познати инсталации на власта со задача да глумат опозиционери, но и нас, кои сакаме искрено и чесно да направиме промени што ќе донесат иднина, обнова и пристоен живот. Убеден сум дека следуваат промени и подобри работи за Македонија”, вели Мицкоски во интервјуто.

Зборувајќи за македонскиот политички лавиринт Мицкоски ги отфрла обвинувањата од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропски партија.

,,ВМРО-ДПМНЕ е европски ориентирана партија. Во своите постулати ја имаме прозападната ориентација. И тоа за секој член и познавач на состојбите во ВМРО-ДПМНЕ тоа е совршено јасно. Проблемот е што, од друга страна, и покрај сите отстапки што ги направи државава во изминатите години, ние сѐ уште сме во чекалницата на ЕУ, и токму поради таквата непринципиелна политика кон Македонија, расте и евроскептицизмот. И мора да се каже дека е исто толку непринципиелно она што се случува во последниот период со спорот со Бугарија. Европските политичари се чини дека играат еднострано на страната на Бугарија. Но, причините зошто е тоа така, мора да се бараат и во попустливоста на домашната власт, која преку прифаќање на сите ултиматуми, сака да ја одоброволи западната политичка сцена, за да се прогледуваат низ прсти сите криминали и сета корупција што се случуваат во нашата држава. Немојте никако да мислите дека Унијата, ако сака, не може и утре да отпочне преговори со Македонија! Па, видете го случајот со Украина, која е завојувана држава, а почнува преговори со ЕУ. Од друга страна, оваа Влада ја нема завршено ниту домашната задача на реформи. По смена на власта, ќе отпочнеме сериозни разговори за надминување на сите пречки на патот кон ЕУ, но нема да правиме отстапки на штета на државата и на македонскиот народ. Ние ќе се бориме на рамноправна основа да го решиме ова прашање и да се придвижи државата кон ЕУ, што секако е наша стратешка цел.

Македонија е неодгатната и недоискажана приказна. Секоја педа од оваа наша преубава земја е покриена со знаменитости и природни убавини. Македонија има скапо платена слобода и уште поскапоцена историја, а многумина сакаат да ја присвојат. Во секој крај на државата се чувствувам како дома, било да е преубавата Малешевија или струмичката котлина, преубавата Беласица или Кожув. Историјата на еден Охрид и Битола, заедно со најживописните предели на западна Македонија и реканскиот крај, како и Маврово, сето тоа е дел од она што Македонија може да го понуди. Пред сите кои се заинтересирани им велам „Македонија не се раскажува, Македонија мора да се доживее“, вели Мицкоски во интервјуто.