Граѓаните и компаниите незадоволни – цените растат, инфлацијата паѓа, каде ни е крајот?!

Владата најавува пад на инфлацијата, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА вели дека треднот на намалување ќе продолжи,  затоа што мерките ги даваат резулатите. Експертите пак не се согласуваат со ова. Сметаат дека тие не помогнале, а инфлацијата е едноцифрена затоа што таа бележи стабилизација на глобалните пазари.



Додека власта вели дека инфлацијата е под контрола, граѓаните сè потешко го туркаат месецот. Како што велат стандардот од месец на месец сè повеќе им паѓа, особено и сега кога е лето, а сезона цената на овошјето и зеленчукот постојано се зголемува. Тие отворено прашуваат што ќе биде пак на есен, кога ќе почне школската година, ќе треба да се обезбеди и зимница, оти зимата е долга, а има најави дека енергенсите ќе растат.

Граѓаните потенцираат дека без 500 евра месечно не може да се наполни фрижидерот, а за да се истуркаат и другите трошоци над 50 илјади денари се неоподни за да четиричлено семејство преживее.

И во вакви комплексни услови, власта е оптимиста и вели дека успеале трошоците за живот да ги намалат, а ДДВ-то  нема да се зголеми за основните животни производи. Според нив на оваа листата на производи каде ќе биде направена корекцијата е долга,а меѓу нив се наполитанките, вафлите, пармезанот, гумените бомбони, видови риби, морска храна, брашното од соја, тропското овошје, посебни сорти на сирење и уште многу други.

Од Владата уверуваат дека ако има потреба, од септември или октомври  граѓаните и стопанството ќе се помагаат со нов пакет-мерки.

Министирот за економија Крешни Бектеши очекува за овој месец инфлацијата да биде пониска од претходниот. Но, вели дека се преговара со сите засегнати страни за креирањето на нови мерки за заштита од ценовни шокови.Тој најави дека можно е уште денеска статистиката да излезе со нови бројки за инфлацијата.

– Согласно прелиминарните податоци што како Министерство за економија ги поседуваме ќе има дополнително намалување на инфлацијата за јули – вели Бектеши и дополнува дека како Министерство за економија заедно со другите институции и со стопанските комори и Организацијата за потрошувачи работат на нови мерки кои, ако има потреба, ќе се стават во функција од септември или пак од почетокот на октомври.

И Македонските компании се загрижени за актуелната состојба во земјава, особено што власта ги мемува даночните политики. Според Миле Бошков председател на Бизнис конфедерацијата рано е да зборуваме за стабилна економија во време кога сè уште има неизвесност. Тој посочува дека за стабилизација може се дискутираме кога производство ќе завршува на домашен и странски пазар.

– Сè додека сме увозни зависни продуктите ќе стануваат се поскапи, а и парите. Самото тоа најавува НБРМ, самите пари ќе бидат поскапи, без разлика дали ќе се трошат за инвестиции, за потрошувачки за враќање долгови, мора да почекаме или добро да размислиме и да се фокусираме на домашното производство – вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Македонија минатата есен беше  соочена со инфлацијата која рушеше рекорди. Во октомрви лани, таа достигна околу 19 проценти. Од почетокот на оваа година почна благо да се намалува и конечно во јуни Државниот завод за статистика објави едноцифрена бројка, од 9,3 отсто.