Граѓаните ги оценија судиите со „двојка“

Дури 84 отсто од граѓаните сметаат дека правосудството во Македонија не функционира, а како причини за нефункционирање се наведуваат „нефункционирањето на целиот систем“ и „судиите“, покажува анкета изготвена за потребите на МКД,МК.  



Од сите државни институции што биле предмет на истражувањето, судството доби најниска оценка (2,08) споредено со 2,31 за Специјалното јавно обвинителство, 2,40 за Владата, 2,41 за државните институции, 2,61 за премиерот и 2,88 за претседателот, објави МКД.МК.