Наспроти неуспешниот референдум од 30 септември 2018 година, потврдено и од Државната изборна комисија, заменикот на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминалот, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, тврди дека македонските граѓани цврсто стојат зад Преспански договор, како и зад Охридски, за кој немаше плебисцит?!



Тврдењето на Николовски, барем во однос на договорот од Нивици, го демантираат резултатите од референдумот со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Само 36,91 проценти од граѓаните запишани во избирачкиот список излегоа на гласање, далеку од потребниот цензус од 50 отсто плус еден глас, и покрај тогласање на неколку секунди во повеќе средини.

Покрај тоа, 5,82 отсто од таа една третина од електоратот што се појави на избирачките места или 37.700 граѓани со право на глас се изјаснија против.