
Скратеното работно време на комерцијалните банки во земјава кое се наметна со ковид мерките, остана во функција и понатаму. Граѓаните негодуваат дека во банките за било која услуга која сакаат да ја завршат мора да излезат од работа, да користат од слободното време за ручек, или пак да користат слободен ден, доколку обврските налагаат подолг престој.
Нејасно е зошто банките остануваат со работно време најмногу од 8 часот наутро па до 16 часот во попладневните часови кога и најголем дел од граѓаните се на работа.
– Пред скратеното работно време имаше филијали кои работеа и до шест часот попладне, па не морав да ја користам паузата за да одам во банка. Сите функции се правеа и попладне. Сега нема таква опција. Нејасно е зошто банките работат само една смена, ниту пак има отворена филијала во сабота, а цело време се кажува дека банките прават огромни профити. Можат да вработат повеќе луѓе, не треба се да се сведе на компјутери, некои од нас не се во можност да ракуваат со компјутер и да ги вршат сите работи преку Интернет, и потребно е банките да работат кога и на клиените им треба – вели една педесетгодишна скопјанка за Фактор.мк.
Бројките говорат дека банките во земјава имаат солидна заработка. Како што беше објавено, само за првата половина од годинава трите најголеми банки во земјава оствариле над 122 милиони евра приходи од камати и добивка над 85 милиони евра. Ова покажува дека немаат финансики проблеми и дека имаат простор за поголема вработеност, со што ќе се створат услови филијалите да ги услужуваат граѓаните и во сабота или во попладневните часови за да не губат од работното време.
– Сите транскции се праваат преку банките. Нема плата, нема уплата за хранарина или за градинка во институциите туку исклучиво преку сметки, преку банка. Не секој може и сака да уплаќа преку Интернет, иако за многумина е дури и полесно. Но, сметам дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните кои не можат да плаќаат од дома преку Интернет. Да не зборуваме дека трошоците за уплата преку филијалите се драстично зголемени, намерно се прави се да се избркаат луѓето од филијалите – вели соговорничката на Фактор.мк.
Линк до целиот текст.
https://faktor.mk/na-shalter-samo-do-chetiri-chasot–gragjanite-negoduvaat-za-rabotnoto-vreme-na-bankite-baraat-dostapnost-i-vo-popladnevnite-chasovi

epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB




