Граѓанинот Дерала по катастрофата на СДСМ: Масите се нула, општеството е за жалење

Неверојатен изблик на искреност, помешан со зачин од навреди кон македонските граѓани. Невладиниот апологет на Зоран Заев и СДСМ, Џабир Дерала во текстот со наслов „Црните пари во македонскиот политички циркус“ ни ги открива причините за поразот на СДСМ на локалните избори. Меѓу другото, граѓанинот Дерала констатира дека Македонија е „еден голем циркуски шатор во кој се одвива лоша претстава“, а потоа закучува дека масите (не граѓаните/граѓанките туку масите н.з.) се паднати на нула и дека не разбираат ништо кога се во прашање политичките процеси во државата. Кончено, според авторот, општеството ни е за жалење.



„Кога се паднати на нула, без знаење и разбирање на политичките процеси и начинот на функционирање на демократските институции, просторот за манипулирање со масите е неограничен. Македонското општество е поларизирано до крајни граници, врз основа на тоа кој колку ги разбира, а уште повеќе како ги доживува/перципира настаните во политиката.

Општеството ни е за жалење. Неверојатно е како луѓе со академски титули, па дури и вклучени во политиката преку измамнички политички структури, се политички и медиумски аналфабети. Не знаат да прочитаат текст, а камоли да формираа мисла. Коментарите на социјалните мрежи се неписмени, злобни, вулгарни и глупави. Бесрамни“ – пишува Дерала.

Целиот текст на следниот линк:

Црните пари во македонскиот политички циркус