Граѓани: Вие сте ненормални – Ќе одговара ли Шилегов за повик на собир?

Додека во Вевчани МВР апсеше и казнуваше граѓани за традиционалниот карневал вчера немаше никаква интервенција на полицијата за време на собирот во чест на Ѓорѓе Балашевиќ.



Собирот се одржа на повик на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој според позитивните правни прописи мора да одговара за организирање на настан во текот на корона кризата кога се одложени сите јавни настани.

Ако министерот Спасовски не го санкционира својот сопартиец тогаш тој самиот се соочува со кривично дело за непостапување по извршено прекршување на законот.