Граѓани уживаат во “еко” придобивките од 20 години власт на “Зелената” ДУИ (ВИДЕО)

На Меѓународниот ден на животната средина излеговме со пријателите да уживаме во просперитетната околина што ни е дадена со 20-годишното владеење на ДУИ на влезот на Општина Липково.



Ова е пораката што до јавноста со сарказам ја упатува првиот човек на младинската организација на Алијанса за Албанците Омер Ајдини кој со своите другари се сликале на дивата депанија пред селото Никуштак.

“Денес испративме неколку подароци до Министерството за животна средина од жителите кои секојдневно се трујат со канцерогени материи на депониите што последователните влади не успеаја да ги отстранат!

Нека видат за момент што значи да се живее со ѓубре пред вратата”, пишува во пораката која се испраќа преку видеото од дивата депонија.

Министер за екологија во владата е кадар на ДУИ чиј лидер е предмет на шега во јавноста откако денеска најави дека фокусот на партијата во иднина ќе биде екологија.

Видеото на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3007439062910492&id=100009332831344