Циноќа на плоштадот во Струмица почна собирање потписи против рудникот Иловица-Штука преку организирање на настан „Потпиши се против рудникот на смртта“, во организација на еко-активисти од „Здрава котлина“ и „Еко-долина“.
Здрава котлина: Владата да ја исправи грешката со Иловица-Штука
Според активистите со ставањето потпис жителите ќе го искажат својот став против овој сериозен проблем кој може долготрајно да и наштети на струмичката котлина и целата флора и фауна која егзистира на оваа територија.
Тие побараа од Владата целосно да ги раскине договорите за концесиите.
Активистите најавуваат дека ќе продолжат со собирање потписи и во наредниот период во населените места и останатите општини во струмичкиот регион, пренесува 360 степени.







