„Пред две години од бактерија завршив на инфективна клиника околу 10 дена, и како презадоволен од третманот од страна на медицинските сестри а и лично од главната сестра Зорица испратив јавна благодагница до тогашниот министер Таравари и до дирекцијата на инфективно. После месец дена стапив во контакт со една од сестрите, дознале за писмото испратено од моја страна, но немало никаков фитбек од страна на надлежните. Во писмото ги опишав како АНГЕЛИ ВО ПЛАВО !!! …тие знаат, а знаат и безброј пациенти.



Овој пат нека запамти министерот Филипче… ништо не можете без сестра Зорица и нејзината екипа“.

Ова е Фејсбук статус на Гоце Потиров, еден од многубројните пациенти на Зорица Љубичиќ – главната медицинска сестра од Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби која вчера, заедно со две колешки даде отказ.

„Причините за да ја напуштам клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“, пишува во барањето на главната медицинска сестра.

„Главна сестра во вистинска смисла на зборот…. Горди сме на тебе“, напиша за Зорица Љубичиќ, Румена Ѓердовска.

„Прекрасна, хумана личност! Вистински професионалец!“, вели И.Ј.

„Имав чест да се запознаам со сестра Зорица и бев дел од персоналот кој дојде да им помогне. Таа е прекрасна и професионална личност“, пишува извесна Анела.