Градоначалникот Петре Шилегов вели дека Градот во моментов има пониско ниво на услуги од она што треба да го да дадат на граѓаните, поради тоа што 47 административци ги користат мерките на Владата, јавува порталот СакамДаКажам.



„Работиме на тоа до Нова година да обезбедиме дигитална комуникација меѓу институцијата и граѓаните. Ние во овој момент немаме валидно законско решение кое ќе овозможи граѓаните документите да ги добијат дигитално. На пример, решенијата за данок на имот што секоја година се испраќаат по пошта, не може онлајн да се издадат“, вели Шилегов.

Откако беше воведена мерката на Владата родителите на деца до 10 години и хронично болните да бидат ослободени од одење на работа, веќе шест месеци преполовена е и администрацијата на Градот.

Шилегов вели дека тоа покажало оти и без овие луѓе Град Скопје може да функционира.