Ова е само еден од коментарите на социјалните мрежи на жителите од Кисела Вода, откако вчера по налог на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска знакот „Кисела Вода“ поставен и финансиран од страна на граѓаните на опшптината бил урнат..
„Вадењето на таблата од страна на Данела е знак на немоќ и слабост. Ние сме жители на Кисела вода и се што се прави во нашата општина е за наше добро“,стои во друфа објава на социјалните мрежи.
„Целата иницијатива за поставување на светлосната табла ,,Ја сакам Кисела Вода”, по урнекот на неколку европски градови и општини, потекнала од жителите на општината“ вели градоиначалникот на Општината Орце Ѓорѓиевски.
Тој на Фејсбук објаснува дека а пред пет месеци испратил барање до Градот Скопје, за кое добил усмено одобрување, но не не и на писмено…што , како што вели, „според закон, значи премолчено одобрување. Токму затоа, дозволивме нашата општина да биде разубавена со оваа табла која е целосно финансирана од граѓаните“, вели Ѓорѓиевски.
Според градоначалникот, решението за отстранување на објектот е правно неиздржано поради тоа што, во него, случајно или намерно, се бара отстранување на објект во општината Аеродром, а не во Кисела Вода!?






