По состанокот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,приватните превозници кои речиси три месеци не возат на автобуските линии, изјавија дека се задоволмни од средбата.
Уште повеќе што до крајот на неделава е планирана уште една.
Претставниците на приватните превозници посочија дека Град Скопје не им должи ништо, туку дека должникот е ЈСП.
„Средбата помина во најдобар ред, останува на нас превозниците да најдеме начин да ги послушаме советите коишто ни се дадени за да се вратиме на скопските улици. Сите препораки беа во насока дека ќе се модернизира јавниот превоз во Скопје и ние ќе бидеме вклучени. Советите ќе ги послушаме и брзо ќе се вратиме на скопските улици….
Кон нас, приватните превозници, Градот Скопје нема долг. ЈСП има долг“, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници пред Град Скопје.







