Градот Скопје ќе плати до 582.000 евра поштенски услугиза период од една година

Градот Скопје е рекордер по планирани, а веројатно и потрошени пари, за поштенски услуги во конкуренција на сите државни органи, јавни институции и единици на локалната самоуправа, покажуваат јавно достапните податоци. Според нив за минатата година и за годинава администрацијата под водство на градоначалничката Данела Арсовска за поштенски услуги издвоила над 1,1 милиони евра!



Градот Скопје ќе плати до 582.000 евра поштенски услуги за период од една година, покажуваат јавно достапните податоци на Бирото за јавни набавки каде е објавен тендерот. Овој тендер го добила државната Пошта која е единствената компанија што се јавила на тендерот на Град Скопје.

Споредбата на јавно достапни податоци покажува дека ова е најголем тендер за поштенски услуги според вредноста во конкуренција на сите државни институции. Слична сума Градот Скопје издвоил и на претходната набавка на услуги од државната Пошта. Договорот бил склучен во декември 2022 година, а неговата рамковна вредност била околу 570.000 евра.

Анализата на „Фактор“ покажува дека Градот Скопје и државното Јавно обивнителство се убедливо најголемите муштерии на државната Пошта. Со тоа што набавките на државното Јавно обвинителство се четири пати помали од тоа што го купува Градот Скопје од Пошта. Тоа го потврдува и листата достапна на следниот линк.