Главното упориште на Украина во Донбас, градот Лиман, од попладнето е во руски раце, потврди Владата во Киев.
Украинските сили наводно се повлекле во правец запад-југозапад кон Славјанск.
„Го изгубивме градот Лиман“, призна Олексиј Арестович, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во директен пренос.
Нападот врз Лиман траеше помалку од една седмица, а руските трупи влегле во градот во северниот дел од „Донецката Народна Република“ на 23 мај. За два дена веќе освоиле три четвртини од градот со околу 20 илјади жители, за денеска украинските сили целосно да го напуштат.
Лиман беше меѓу првите градови во регионот Доњецк преземени од „народната милиција“ што ѝ се спротивстави на Владата во Киев по државниот удар на Мајдан во 2014 година. Украинските антитерористички сили го зазедоа на почетокот на јуни истата година и ги искористија своите позиции за да го опсадат Славјанск, каде што сепаратистичката милиција се задржа уште еден месец.
Веста за украинскиот пораз кај Лиман, значајна железничка клучка, доаѓа во време на тековното напредување на руските сили од Попаснаја, што се заканува целосно да ги отсече илјадниците украински војници во џебот Северодонецк-Лисичанск.
Генералштабот на украинската армија извести дека непријателот напредува и кон Бахмут и Авдеевка.






