Градот Газа е под израелски обрач

Вечерта на 2 ноември, израелската војска го затвори обрачот околу градот Газа, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили, пренесе „Аарец“.



Според него, израелската армија нападнала пунктови, штабови, лансери и објекти на Хамас.

Хагари додаде дека сè уште не е разговарано за прекин на огнот. Тој израз „сè уште не е на маса“, рече воениот портпарол.

Јеменските Хути и либанскиот Хезболах, поддржани од Иран, ги засилија нападите врз Израел во обид да ја пренасочат израелската армија од Газа и Хамас, додаде Даниел Хагари.