Градоначелникот на Мелитпол разменет за 9 заробени руски војници

Украина размени девет заробени руски војници за ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој беше приведен минатата недела, пренесе Интерфакс.



Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски претходно соопшти дека градоначалникот Иван Фјодоров е ослободен, но не соопштија повеќе детали.

„Иван Фјодоров беше ослободен од руско заробеништво, за што Русија доби девет заробени војници родени во 2002 и 2003 година. Тоа се практично деца“, рече портпаролката на Зеленски, Дарија Заривна.

Градоначалникот бил заробен минатата недела поради тоиа што „не соработувал со непријателот“, известија медиуми.